Конститутивна седница на парламентот на Косово

Денеска во Приштина би требало да продолжи конститутивната седница на косовскиот парламент. На дневен ред се две точки: избор на претседател и потпретседател на парламентот. Демократската партија на Косово на Хашим Тачи инсистира дека местото претседател на Собранието да и припадне на најстарата пратеничка Фљора Бровина. Тоа не го поддржуваат партиите од коалициониот блок: Демократскиот сојуз на Косово – Алијанса за иднина на Косово – Иницијатива за Косово и Самоопределување кои тврдат дека имаат законско и уставно право на таа функција да биде избран нивниот кандидат Иса Мустафа.