Иран со критика до САД за милитантите од Исламската држава

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи упатија критики до САД за политиката на земјата против милитантите од Исламската држава. Претседателот Хасан Рохани запраша дали воздушните напади се доволни за да се порази милитантната група и зошто САД ги исклучуваат копнените напади. Министерот за надворешни работи Џавад Зариф предупреди дека милитантите не можат да бидат победени со воздушни напади.