Контратерористичка операција во Австралија, уапсени 15 лица

.

Австралиската полиција спроведе контратерористичка операција при што беа уапсени 15 лица. Операцијата била спроведена во Бризбен, Сиднеј и Логан. Според полицијата, околу 800 припадници на безбедносните сили извршиле проверка на дузина имоти низ трите градови.

Полицијата соопшти оти верува дека уапсените се подготвувале и планирале спроведување на насилни акти во земјата. Австралсиките власти на 12 септември го покренаа нивото на можноста од терористички напади од медиум на високо.