Обама: Американските сили во Ирак немаат борбена мисија

Над 40 земји во светот понудиле помош за коалицијата против милитантите на Исламската држава, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама. Тој додаде дека американските сили во Ирак немаат борбена мисија.

Во обраќањето во американската воена база во Тампа, Обама нагласи дека Соединетите Држави, во соработка со другите земји во коалицијата, главно ќе изведуваат воздушни напади против милитантите на Исламската Држава. "Сакам да бидам јасен, - американските сили кои се распоредени во Ирак, нема ни сега, ни во иднина да имаат борбена мисија", истакна Обама.