ЕУ не може да и забрани на Србија изградба на Јужниот тек, но...

Европската Унија соопшти дека нема да ја блокира изградбата на гасоводот Јужен тек во Србија, но протокот на руски гас кон земјите членки на Унијата може да се одвива само ако биде во согласност со законите на ЕУ. Марлен Холцнер, портпарол на евро-комесарот за енергија, изјави денеска во Брисел дека Унијата не може да ја забрани изградбата на Јужен тек во Србија, како што стори претходно во Бугарија, бидејки Србија не е членка на ЕУ. Сепак, и Србија е предупредена дека Јужниот тек може да и наштети на Србија во напорите за членство во ЕУ, бидејки сите енергетски прашање мора да бидат на линија со стандардите на Унијата.