Ставревски - висок интерес за отпис на долговите

Одѕивот на граѓаните за мерката отпис на долговите е засега исклучително голем и заклучно со вчерашниот ден има над 29.000 барања поднесени во центрите за социјални работи ширум Република Македонија.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески апелирајќи до граѓаните да не го чекаат последниот ден и што е можно порано да ги посетат центрите за социјална работа да поднесат барање и да ја искористат оваа мерка на Владата.

Првите решенија, како што рече вицепремиерот, очекува да се доделат во втората половина од октомври, откако ќе заврши рокот за поднесување на барањата.