Кинескиот претседател во посета на Индија

Кинескиот претседател Кси Џинпинг пристигна во Индија со цел подобрување на трговаките и бизнис врски и решавањето на деценискиот спор околу границата.

Индиски медиуми јавија дека Пекинг би можеле да се обврзе на договори вредни милијарди долари за индиското производство, за автопати, железница, и други инфраструктурни проекти.

Трговската размена меѓу Кина и Индија е речиси 70 милијарди долари.