Обама: Еболата е закана за глобалната безбедност

Американскиот претседател Барак Обама ја опиша епидемијата од смртоносната Ебола во Западна Африка како закана за глобалната безбедност. Обама најави поголема помош на САД во обидот да го запрат нејзиното ширење. Тој истакна дека САД ќе испратат дополнителни 3000 трупи во западна Африка и дека борбата против еболата подразбира глобална подршка. Светската здравствена организација предупреди дека од вирусот на ебола досега загинаа речиси 2500 луѓе.