Американски воени советници во Ирак?

генерал Мартин Демпси

Шефот на американскиот Генералштаб генерал Мартин Демпси денеска ја изнесе можноста американски воени советници да им се приклучат на ирачките војници во нивната борба против милитантите на Исламската држава. Говорејќи пред ресорниот комитет на Сенатот, Демпси изјави дека ако се покажело за потребно тоа ќе му го предложел на претседателот Барак Обама. Тој неколку пати ја исклучи можноста од испраќање американски борбени сили во Ирак. Таму веќе има околу 1600 американски војници, но со задача да ги штитат американските граѓани.