Ал Каеда повикува на обединување на милитантите

Две гранки на терористичката мрежа Ал Каеда упатија предупредување до исламистичките фракции во Ирак и Сирија да прекинат да се борат меѓу себе и да се обединат против меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави која се подготвува да ја нападне милитаристичката група Исламска држава. Предупредувањето било потпишано од Ал Каеда од Арапскиот полуостров и Ал Каеда од Магреб. Во меѓународната коалиција досега се вклучени 10 земји од Персискиот залив, Австралија, Франција, Британија, како и некои други членки на НАТО.