Акција на руски безбедносни сили против кримските татари

Руските безбедносни сили упаднале во објектот на Собранието на кримските татари во Симферопол, а вршеле претрес и во домот на еден член. Дописникот на Радио Слободна Европа од Крим јави дека 10-мина полицајци и неколкумина маскирани лица во воени униформи го опколиле објектот и вршеле претрес.

Вчера маскирани лица го отстранија украинското знаме од објектот на кримските татари, кои се против руската анексија на Крим, а многумина од нив ги бојкотираа локалните избори кои беа одржани на 14-ти септември.