Пакистанските сили убиле над 30 милитанти кај границата со Авганистан

Пакистанската армија соопшти дека убила 31 милитант во воздушните напади и копнените борби во близина на границата со Авганистан. Во борбите загинале и тројца војници.

Пакистанската армија во јуни започна офанзива против милитантите во јужен Вазиристан и тврди дека досега убила над илјада милитанти.