Британските лидери и ветија поголеми овластувања на Шкотска

Лидерите на трите главни партии во Британскиот парламент заеднички и ветија поголеми овластувања и моќ на Шкотска доколку шкотланѓаните на задутрешниот референдум гласаат против независност. Ова ветување денеска е објавено на насловната страница на водечкиот шкотски весник Дејли Рекорд, а е потпишано од британскиот премиер Дејвид Камерон, лидерот на опозиционата Лабуристичка партија, Ед Милибанд и од лидерот на Либералната партија Ник Клег.