Воени вежби со меѓународни сили во Украина

Во западниот дел на Украина денеска почнаа воени вежби на кои учествуваат илјада и триста луѓе од 15 земји, меѓу кои и Соединетите држави. Всушност за прв пат по руската анексија на Крим во март годинава во Украина дојдоа и американски копнени сили. НАТО соопшти дека вежбите ќе завршат на 26 септември. Во меѓувреме локалните власти во регионот на Доњецк кој е под контрола на проруските сепаратисти соопштија дека вчера биле убиени шестмина цивили иако веќе десет дена таму е во сила примирјето постигнато меѓу украинската влада и проруските бунтовници.