Десетици удавени африкански мигранти на брегот кај Либија

Дестици африкански мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел во близина на брегот на Либија на Средоземно море. Се прецизира дека досега биле спасени триесетина мигранти од бродот во кој имало над 250 луѓе. Новинските агенции, повикувајќи се на локалните рибари, јавиваат дека на површината на морето имало многу човечки тела. Меѓународната организација за мигарции во миантиот месец предупреди дека голем број луѓе се обидуваат да ја напуштат Либија поради борбите меѓу тамошните ривалски вооружени групи.