Во Париз ветена „соодветна“ воена помош за Ирак

На денешната конференција во Париз беше постигната согласност за, како што е наведено во заедничкото соопштние, соодветна воена помош на Ирак во борбата против милитантите на Исламската држава. Во документот се оценува дека справувањето со милитантите е итна задача за меѓународната заедница. Сепак, во него не се наведува прецизно за каков вид помош станува збор.