Ирак бара брза воздушна кампања против милитантите на Исламската држава

Ирачкиот претседател Фуад Мадум денеска во Париз побара брза воздушна кампања против милитантите на Исламата држава. Тој страхува дека оваа екстремистична организација би можело да порасне уште повеќе доколку не се преземе итна акција. Францускиот претседател Франсоа Оланд на отворањето на конференцијата за справување со заканите од милитантите на Исламската држава, изјави дека станува збор за глобална опасност и затоа одговорот мора да биде глобален.