Премиерот Груевски во работна посета на Турција

премиерот Никола Груевски

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета Турција. Во рамки на посетата предвидено е да се одржат повеќе бизнис форуми во неколку турски градови на кои ќе бидат презентирани поволностите што им се нудат на странските инвеститори, а ќе бидат остварени и средби со државниот врв. В среда се очекува владината делегација да оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Турција е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија.