Меѓународна конференција во Париз

Денеска во Париз ќе се одржи меѓународна конференција за милитантната група Исламска држава. Високи официјални претставници од 26 земји ќе присуствуваат на конференцијата, вклучувајќи го и американскиот државен секретар Џон Кери, кој самошто ја заврши турнејата на Блискиот Исток, на која што бараше поддршка за американската кампања против милитантната група. Официјален претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека неколку арапски земји се понудиле да спроведат воздушни напади против милитантите на Исламската држава кои сега контролираат поголемиот дел од Ирак и Сирија. Досега, само Франција јавно се согласи да се придружи на воздушните напади врз цели на Исламската држава, но со ограничување на територијата на Ирак. На 10 септември, американскиот претседател Барак Обама најави дека Вашингтон ќе ги зголеми воздушни напади и ќе формира меѓународната коалиција за да ја деградира и уништи групата.