Водство на кандидатите на владејачката партија во Русија

Кандидатите на владеачката партија Обединета Русија наводно победиле во неколку области, покажуваат прелиминарните резултати од регионалните избори во Русија. Официјални претставници на изборите во далечниот Приморски крај на исток соопштија дека гувернерот Владимир Миклушевски од -владејачката партија Обединета Русија, освоил околу 77 отсто од гласовите, од скоро сите пребројани гласови. Во Алтај Крај, Александар Карлин освоил околу 75 отсто од гласовите. Официјални лица изјавија дека излезноста во југоисточниот дел на руска територија е околу 31 проценти. Во Москва, опозициската партија Јаболко соопшти дека најверојатно ќе ги отфрли резултатите од изборите во градот Дума, жалејќи се на не фер пред-изборна кампања. Покрај тоа, партија та Обединета Русија, наводно, освоила повеќе од 70 отсто од гласовите на изборите во Кримскиот полуостров. Официјална Украина тврди дека изборите во Крим се нелегални.