ОБСЕ го зголемува бројот на набљудувачи во Украина

Повеќе меѓународни набљудувачи и безпилотни летала ќе бидат испратени да го надгледуваат несигурниот прекин на огнот во источна Украина. Ова е соопштено вчера по разговорите меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко и швајцарскиот претседател и актуелен претседавач на ОБСЕ Дидиер Буркхалтер. Канцеларијата на Порошенко објави дека украинскиот лидер се согласил да им дозволи на набљудувачите на ОБСЕ да го зголемат бројот на набљудувачи и да пратат безпилотни летала за подбро да се надгледува прекинот на огнот договорен на петти месецов. Буркхалтер рече дека ОБСЕ ќе испрати 70 специјални набљудувачи во регионите околу градовите Донецк и Луганск. Итар-Тасс претходно јави дека безпилотните летала на ОБСЕ ќе бидат користени за набљудување на руско-украинската граница.