Убиството на Хејнс ја зголеми поддршката во борбата против Исламска држава

Западните сојузници денеска ветија зголемување на кампањата против бунтовниците од Исламска држава откако групата го егзекутира британскиот хуманитерен работник во Сирија. Бунтовниците од Исламска држава објавија видео на кое се гледа обезглавувањето на Дејвид Хејнс и на кое велат дека неговата егзекуција е одмазда за британските пратки на оружје за курдските борци во северен Ирак. Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека Британија ќе направи се што може за да ги најде убијците, свика состанок на комитетот за итни реакции на кој се очекува да се дискутира дали британската војска треба да се придружи на планираните напади објавени од американскиот претседател Барак Обама. Австралија соопшти дека ќе испратат 600 војници и десет воени авиони кои ќе се придружат на меѓународната коалиција која ги вклучува САД, Турција, други земји-членки на НАТО и десет арабски земји од Персискиот залив. Француското претседателство соопшти дека убиството на Хејнс покажува зошто меѓународната заедница мора да се мобилизира против бунтовниците од Исламска држава.