Французите не веруваат дека екстремната десница може да владее

Околу 65 насто од Французите мислат дека екстремната десничарска партија Национален фронт не може да ја води државата, а 35 насто верува дека партијата има капацитет да биде на власт, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење објавени денеска.

Анкетата е спроведена меѓу 11 и 12 септември од Институтот Одокса и во неа учествувале 1008 испитаници. Претседателката на Националниот фронт Мари ле Пен се смета за сериозна кандидатка за претседател на Франција.

Испитувањата покажуваат дека актуелниот шеф на државата Франсоа Оланд никогаш немал помала популарност, а неговата Социјалистичка партија тешко се справува со економската криза во земјата, наведува агенцијата Франс прес.