Кери:Египет има клучна улога во борбата против Исламска држава

Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека Египет има клучна улога во справувањето со бунтовниците од Исламска држава во Ирак и во Сирија. Тој зборуваше на заедничката прес конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска во Каиро, последниот град кој го посети во рамки на регионалната турнеја. Кери оцени и дека Египет е на првата линија во борбата против тероризмот особено кога се работи за борбата со екстремистичките групи во Синај. Египетскиот министер пак рече дека постојат врски меѓу Исламска држава и другите бунтовнички групи во регионот и дека е потребна глобална акција за справување со заканата. Во Анкара вчера Кери рече и дека е уверен оти САД ќе формираат широка коалиција за борба против бунтовниците од Исламска држава.