Семејството на жената притворена во Иран бара нејзино ослободување

Семејството на жената со британско и иранско потекло која е задржана во Иран апелира да биде ослободена. 25 годишната жена е приведена во јуни откако отишла на натпревар на машки одбојкарски тим. Таа беше уапсена надвор од стадионот каде што жени протестираа против долгодишна забрана да може да следат спортски натпревари.
Нејзиниот брат рече дека таа едноставно сакала да влезе на стадиот и да го гледа натпреварот додавајќи дека не знае дали неговата сестра која сега е во затвор во Техеран е задржана под некакви обвиненија.
Британското министерство за надворешни работи соопшти дека го следат случајот. На жените во Иран им е забрането да следат спортски настани по исламската револуција во 1979 година, но има и некакви исклучоци.