Украинската војска одговорила на напад на аеродромот во Донецк

Украинската војска соопшти дека нејзините сили одговориле на напад на аеродромот во источниот град Донецк од проруските сепаратисти и покрај осумдневниот прекин на огнот. Градските власти соопштија дека денеска имало гранатирање во областа околу аеродромот. Градот Донецк е контролиран од сепаратистите, но аеродромот е под контрола на владините сили.
Војската и сепаратистите се обвинуваат меѓусебно за повторно прекршување на договорот за прекин на огнот постигнат на петти месецов со кој треба да се стави крај на пет месечните борби.