ЕУ санкциите кон Русија стапија во сила

Европската унија од денеска и формално ги заостри санкциите кон Москва со цел да ја казни Русија за нејзината улога во кризата во Украина.

Нови санкции вклучуваат замрзнати средства на високи функционери и пратениците вклучувајќи националистичкиот политичар Владимир Жириновски како и ограничувања за финансирање на некои руските компании контролирани од државата.

Станува збор за Компаниите Роснефт Транснефт и Газпром нефт. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј вчера рече дека санкциите би можеле да бидат намалени или укинати и дека ЕУ ќе го следи на мировниот процес во источна Украина за да се утврди до крајот на септември дали има промени.

Русија, од своја страна ги негира западните обвинувањата дека праќа војници и оружје како помош за про-руските бунтовници во источниот дел на Украина.