Додик не планирал отцепување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик ги негираше тврдењата дека за време на руската анексија на Крим, со поддршка на Москва, планирал да прогласи отцепување на српскиот ентитет од Босна и Херцеговина.

Ваквата изјава претставува реакција на тврдењето на Бодо Вебер од берлинскиот Совет за политика на демократизацијата, кој за Радио Слободна Европа рече дека Додик планирал да ја отцепи Република Српска од БиХ за што бил инфомиран „целиот западен дипломатски кор“, но дека од таквата намера го одвратил српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според изјавата на Додик за белградскиот весник „Данас“ станува збор за спин и подметнување од страна на Бодо Вебер.