Критики за планот на Обама за акција во Сирија

Сирија, Иран и Русија денеска го критикуваа планот на американскиот претседател Барак Обама за воздушни напади во Сирија против милитантите на Исламската држава. Според сирискиот министер за помирување Али Хајдер, секое дејствување без одобрување од сириската влада би претставувало агресија врз Сирија. Обама во синоќешниот говор ја исклучи соработката со сирискиот претседател Башар ал Асад во справувањето со исламските екстремисти. Иранскиот претседател Хасан Рохани оцени дека за таква акција е неопходна поголема регионална соработка. Техеран смета дека постоеле извесни нејаснотии во врска со меѓународната коалиција против Исламската држава. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека секоја воена акција без резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации би било грубо кршење на меѓународното право.