Ослободени мировниците од Голанската висорамнина

Сите 45 припадници на мировните сили на Обединетите нации од Фиџи кои беа заробени во сирискиот дел на Голанската висормнина денеска биле ослободени и добро се чувствувале, соопштија Обединетите нации. Тие и биле предадени на мисијата на Светската организација која е задолжена да го надгледува примирјето меѓу Сирија и Израел. Војниците кон крајот на минатиот месец беа заробени од припадници на Ал Нусра фронтот, сиријска гранка на Ал Каеда. Екстремистите во замена на мировниците барале да биде испорачана хуманитарна помош во делови на сирискиот главен град Дамаск.