Сепаратистите во источна Украина сакаат независност, не специјален статус

Доњецк, 10.09.2014

Предлогот на украинскиот претседател Петро Порошенко за доделување специјален статус на источните региони во земјата е недоволен, изјави заменик премиерот на така-наречената Доњецка народна република, Александар Караман. Според него, сите преговори со Киев мора да бидат базирани врз принципот на суверенитет на Доњецката република. Премногу луѓе загинаа, враќање нема, а луѓето во регионот се определија за независност, изјави Караман.