Наредната недела ратификација на Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ

Украинскиот претседател Петро Порошенко, во наредната недела, ќе го достави во парламентот Договорот за асоцијација со ЕУ, изјави спикерот на парламентот Олександр Турчинов. Според него, пратениците веќе не можат да ја одлагаат ратификацијата на овој договор. Имено, Порошенко договорил со Европскиот парламент, ратификацијата да биде спроведена симултано. Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, во минатата година одби да го потпише тогашниот претседател Виктор Јанукович, по што започнаа протести во земјата, кои доведоа до негово соборување.