Џон Кери во Џеда на разговори со арапските колеги

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Џеда, Саудијска Арабија, на состанок со колегите од арапските земји и Турција, како дел од турнејата на Блискиот Исток за добивање воена, политичка и финансиска подршка во битката против милитаната група Исламска Држава. До состанокот доаѓа по говорот на американскиот претседател Барак Обама, кој вети битка против милитантите, кои држат под контрола делови на Ирак и на Сирија. Според американски претставник, разговорите на Кери ќе се однесуваат на соработката во врска со воздушните напади против милитантите и запирањето на протокот на пари за Исламската држава.