Почна самитот на Шангајската организација за соработка

Душанбе, 11.09.2014

Во главниот град на Таџикистан, Душанбе, започна самитот на Шангајската организација за соработка. Учествуваат претседателите на Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, како и лидерите на земјите посматрачи, Иран и Монголија. Главни теми на самитот се регионалната безбедност во контекст на повлекувањето на странските сили од Авганистан кон крајот на годинава, како и утврдување на механизмите за прием на нови членки. Рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на самитот, ќе има повеќе билатерални средби, посветени, пред се на економската соработка.