Обама им објави војна на милитантите на Исламската држава

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави се подготвени да ги нападнат милитантите на Исламската држава во Сирија и во Ирак, за што како што соопшти, ќе распореди дополнителен воен персонал во рамки на засилената кампања за деградирање и уништување на милитантната група.

-Јас јасно ставив до знаење дека ќе се фатат терористите кои и се закануваат нашата земја, каде и да се, рече Обама во своето телевизиско обраќање пред нацијата. Тој изјави дека Соединетите Држави ќе испратат дополнителни 475 американски војници во Ирак со цел да се поддржат ирачките и курдските сили кои се борат против милитантите на Исламската држава, но дека овие војници не би биле ангажирани во борбите.

-Ова е основен принцип на моето претседателствување: Ако и се закануваат на Америка, нема да најдете засолниште, изјави Обама.