Над 400 мртви во поплавите во Пакистан

Насипот на реката во пакистанската провинција Пенџаб се излеал од надојдените води по деновите на тешки монсунски дождови, кои принудија 700.000 луѓе на евакуација од нивните домови. Ахмад Камал, портпарол на пакистанската Националната агенција за управување со кризи изјави дека прелевањето на реката Ченаб се случило на околу 210 километри југозападно од Лахоре. Надојдените води се излеале во рамен земјоделски терен, каде што полицијата веќе започна принудна евакуација на жителите по предупредувањето на индискиот министер за одбрана за можно излевање. Повеќе од 440 лица починале од поплавите во Пакистан и Индија во последните неколку дена, во услови на најтешките дождови во последниве 50 години. Поради силните дождови покривот на една џамија во Лахоре се урна, при што загинаа 24 верници кои во тој момент биле внатре.