Според НБРМ, економијата закрепнувала солидно

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Економијата закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки и во отсуство на ценовни притисоци.

Ваквите движења упатуваат на постоење соодветен амбиент за одржливо закрепнување на приватниот сектор, а досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна.

Ова беше оценето на денешната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

На седницата беше истакнато дека излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви.