Порошенко: обединета Украина со специјален статус за Доњецк и Луганск

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека мировниот план што во минатата недела беше усогласен со проруските сепаратисти го зачувува концептот на суверена и обедениета земја во сегашните граници. Тој на денешната седница на владата која беше емитувана на телевизија изјави дека договореното примирје било тешко да се одржи, бидејќи сепаратистите цело време ги провоцирале украинските сили. Порошенко најави дека во идната недела ќе му поднесе на парламентот закон со кој се гарантира специјален статус за регионите на Доњецк и Луганск кои сега се под контрола на сепаратистите.