Јункер го објавува составот на новата Европска комисија

Жан Клод Јункер

Новиот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска во Брисел ќе ги објави имињата на новите комесари и нивните ресори. Меѓу нив, како што јавуваат новинските агенции, ќе има и комесар за „европско соседство“ во чија надлежност ќе бидат односите со државите што ја опкружуваат Европската унија, вклучувајќи ја и политиката за прием на нови земји во Унијата. Како објаснување зошто не е потребен посебен ресор за проширување се наведува дека овој процес сега пред се бил техничко, а не политичко прашање. Новиот претседател Јункер неколку пати повтори дека во петгодишниот мандат на неговата Косија ќе нема прием на нови членки во Унијата.