Доналд Туск поднесе оставка на функцијата премиер на Полска

Новоизбраниот и актуелниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск и Херман ван Ромпуј.

Полскиот премиер Доналд Туск поднесе оставка на функцијата, како дел од подготовките за неговата нова функција - претседател на Европскиот совет. Се очекува претседателот Бронислав Коморовски официјално да ја прифати оставката на Туск и да ѝ го даде мандатот за формирање нова влада на претседателката на полскиот парламент Ева Копач, која е предложена за мандатар од владејачката коалиција. Туск треба да ја преземе функцијата од претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на 30 ноември годинава.