Се урна џамија во Пакистан, 24 луѓе загинаа

Илустрација: Лахоре.

Бројот на жртви од уривањето џамија во градот Лахоре во Пакистан се искачи на 24 луѓе, соопштуваат тамошните власти. Несреќата се случи вчера во текот на попладневната молитва. Властите велат дека монсунските дождови веројатно ја ослабнале структурата на објектот и оти тоа довело до уривање на кровот. Се верува дека во моментот на несреќата во џамијата имало околу 30 луѓе.