Русија тестира интерконтинентални балистички ракети

Илустрација.

Руската морнарица денеска ќе тестира интерконтинентални балистички ракети од една од нејзините нуклеарни подморници од новата генерација. Руските медиуми, повикувајќи се на извори од воената индустрија, вчера објавија дека ракетата Булава ќе биде испукана од областа за тестирање на Руската северна флота. Началникот на руската морнарица, адмирал Виктор Чирков, ќе биде на подморницата од класата Бореи за време на тестирањето. Последното тестирање на ракета Булава беше во септември 2013 и тоа беше неуспешно.