Временска прогноза - Променливо време со краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде променливо. Претпладне ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од 11 до 17, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се искачи до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Кон крајот на утрешниот ден повторно ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. До сабота до попладневните часови времето ќе биде претежно стабилно и потопло, а кон крајот на денот се очекува нов влажен бран.