Русија негира дека и експлодирал сателит над САД

Русија ги негираше тврдењата во некои медиуми дека руски воен сателит експлодирал над САД. Медиуми од САД и Русија претходно јавија дека сведоци соопштиле оти виделе експлозија над небото на Колорадо, Вајоминг на 2 септември.

Рускиот министер за одбрана, Игор Конашенков изјави дека сателитите функционираат нормално и постојано се под надзор. Според него, најверојатно вистинскиот мотив зад информациите е обидот на американските разузнавачки служби да ја дознаат локацијата на рускиот сателит откако претходно ја загубиле.