Малезискиот премиер тврди авионот бил срушен од проектил

Малезискиот премиер Најиф Тун Разак изјави денеска дека холандската истрага сугерира оти малезискиот патнички авион МН17 на 17 јули во источна Украина бил соборен од проектил земја воздух. Тој го даде коментарот откако холандската Комисија за безбедност соопшти дека малезискиот патнички авион бил соборен од страна на голем број "високо-енергетски објекти". Според холандските експерти, нема индикации дека несреќата на MH17 била предизвикана од "технички грешки" или од неуспех на екипажот.