Украина-Сепаратистите негираат дека можат да соборат патнички авион

Премиерот на самопрогласената република Доњецк, Александар Захарченко

Премиерот на самопрогласената република Доњецк, Александар Захарченко изјави денеска дека проруските сепаратисти ја немаат потребната воена опрема со која би можеле да соборат патнички авион. Според него, сепаратистите не се виновни за соборувањето на малезискиот авион. Холандската Комисија за безбедност соопшти дека малезискиот патнички авион, кој се урна во источна Украина во јули, бил соборен од страна на голем број "високо-енергетски објекти".