Русија ќе ги казнува жителите кои имаат финансии надвор од земјата

Руското министерство за финансии предлага да се воведат казни за жителите кои не ги известиле даночните власти за нивните финансиски активности и сметки во банки надвор од земјата. Во предлог-законот објавен на веб страната на министерството е наведено дека сите жители задожително ќе мора да ги пријават финансиите од 1 јануари наредната година. Предлогот најверојатно е дел од напорите на Кремљ да ги спречи Русите од чување на нивните пари во странство.