Про-руските сепаратисти го ракетирале аеродромот во Доњецк

Украинската војска соопшти дека, и покрај прекинот на огнот, меѓународниот аеродром во Донецк ноќеска бил цел на ракетни напади од про-руските сепаратисти во источна Украина.

Министерството за одбрана соопшти дека нема жртви. Во меѓувреме, официјален претставник на Министерството за одбрана изјави дека четири украинци се убиени од воспоставениот прекин на огнот стапи на 5 септември.

Украина и сепаратистите меѓусебно се обвинија за повреди на прекин на огнот чија цел е да се стави крај на пет месечниот конфликт.