Војската на Камерун убила повеќе од сто борци на Боко Харам

Властите во Камерун соопштија дека одбиле обиди за напади од борците на Боко Харам кои влегувале во земјата од Нигерија и убиле повеќе од сто бунтовници. Портпаролот на Владата вчера соопшти дека милитантите го нападнале градот Фотоки кој се наоѓа во близина со границата со Нигерија.
Според соопштението нападот се случил на 6 септември.
Групата што се поврзува со Ал Каеда е одговорна за убиствата на илјадници луѓе во Нигерија, а има киднапирано стотици други вклучувајќи и група од 200 ученички кои беа киднапирани во април годинава.