Претпладне врнежливо, попладне стабилизирање на времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во јужните и во источните делови. Кон крајот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето и престанок на врнежите. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви приоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 степени.